Автобус со странски туристи се превртел на автопат кон древниот град на Маите во источниот дел на Мексико. Во несреќата загинале најмалку 12 лица, соопштија мексиканските власти. Меѓу повредените најмалку седум се државјани на САД и двајца на Шведска.
Властите сè уште не го утврдиле идентитетот и потеклото на загинатите. Сообраќајната несреќа се случила кога автобусот кој бил на пат кон Чакчобен се превртел од засега непознати причини.