Најмалку 12 лица ги загубиле животите во бродолом на мал патнички брод во Црното Море, што се случил вчера во близина на пристанишниот град Одеса, Украина, соопштија регионалните власти, пренесува „Макфакс“.

„Во силното невреме се удавиле некои од патниците кои немале појаси за спасување, изјавил Володомир Јмак, првиот заменик на гувернерот на Одеса, прецизирајќи дека бродот потонал околу 15,30 по локално време.

Додал дека на бродот имало 33 патници и тројца членови на екипажот, а во акцијата за спасување и пребарување биле спасени 23 лица од кои 18 се хоспитализирани и 12 тела. Уште едно лице се води за исчезнато.

OhridNews