Најмалку сто луѓе загинале при излетување на железничка композиција шините во северна Индија, а уште околу 200 се повредени, од кои 80 се во тешка состојба, соопштија локалните власти. Спасувачките екипи на местото на несреќата во близина на градот Канпур, во индиската сојузна држава Утар Прадеш, пронашле тела на 100 загинати. Сите болници во близина се во состојба на подготвеност да ги примат жртвите. Околу 30 амбулантни возила се распоредени за пренесување на настраданите.
Причина за несреќата е излетувањето на 14 вагони од патничкиот воза, но според првичните сознанија најверојатно тоа е резултат на оштетување на шините. Владата ќе ги истражи причините за несреќата и ќе преземе строги мери против одговорните лица, изјави министерот за железнички сообраќај кој додаде дека неговото министерство на семејствата на загинатите ќе им исплати еднократна помош во износ од 350.000 рупии, или 5.200 американски долари, а на семејствата на настраданите по 50.000 рупии, или 735 долари.
Железничките несреќи со многубројни жртви во Индија се чести поради дотраеноста на инфраструктурата и непочитувањето на прописите за безбедност. Најголемата несреќа на индиските железници се случи во 1981 година, коа воз падна во река, при што загинаа 800 луѓе.
OhridNews
извор Макфакс