Ити и Гомез станаа горди родители на близнаци кои тежат само 15 грама. Овој среќен пар, припаѓаат на врстата пигмејски мармосет, кои се најмали мајмуни на светот и кои живеат во дождливите прашуми, обично во Јужна Америка. Малите мајмуни се добредојдени во семејството “Symbio Wildlife Park”, кој се наоѓа во јужниот дел на Сиднеј.

 

Новите членови делуваат минијатурно, во споредба со своите родители. Вработените од паркот велат дека иако 15 грама делуваат малку, доколку тоа го ставиме во човечка перспектива, тоа е како жена да роди десетгодишно дете. Родителите на близнаците станаа сродни души кога Ити пристигна од Нов Зеланд како дел од програмата за размена на загрозени врсти.