Ајнштајн, ждребето старо три дена, би можело да влезе во Гинисовата книга како најмал коњ на светот. Белото коњче со смеѓи шарки е високо само 35,5 сантиметри и е тешко околу 2,7 килограми, што е помалку од просечното новороденче.


Неговите мерки се мали дури и за минијатурната раса на која и припаѓа. Ајнштајн се родил на една фарма за минијатурни коњи во Њу Хемпшир. Лекарката Рејчел Вагнер, една од сопственичките на фармата, тврди дека кобилата која е моментален сопственик на титулата најмал коњ на светот била тешка 4 килограми. Кај Ајнштајн не е забележано пореметување во растењето.