Градот Бјуфорд во американската држава Вајоминг, кој бил рекламиран како најмал град во САД, бил продаден на аукција за 900 илјади долари. Победничката понуда ја испратиле двајца виетнамци, чии имиња не биле соопштени. Новите сопственици на градот кој има само еден жител, со купувањето добиле бензинска пумпа, мини маркет, училишна зграда, гаража, 10 хектари земја и куќа со три спални соби.

Единствен жител на Бјуфорд е Дон Самонс, кој планира да се повлече и да се отсели од градот. Почетоците на градот датираат од 1860 година, кога била изградена Трансконтиненталната железница. Своевремено градот имал 2000 жители, пред железничката пруга да биде пренасочена.