Гинисовата книга на рекорди одби да го признае непалецот Кагендра Тапа Магара за најмал човек на светот, бидејќи бил сеуште мал да ја бара таа титула. Сега се утврдило дека тој има 17, а не 18 години поради некое отстапување во непалскиот календар. Во неговиот извод на родени пишува дека се родил на 18 асоја 2049 година, што одговара на 4 октомври 1992 година.


Од Гинис побарале потврда за да не дојде до некоја забуна. Тие рекле дека многу му се радуваат на малиот непалец и се надеваат дека нема многу да порасне за една година. Негови најголеми желби се да влезеж во книгата на рекорди ид најде жена која ќе одговара на неговите потреби.