Најмалиот човек на светот, Кагендра Тапа Магар го прославил својот 18-ти роденден. Открил дека има две желби, и тоа да го признаат во Гинисовата книга на рекорди и да најде жена. Роденденот го славел цела седмица во своето родно село во Непал.


Магар со своите 60 сантиметри е за една глава понизок од Хе Пингпинг од кина, кој моментално го држи рекордот за најмал човек на светот. Сега Кагендра е полнолетен и смета дека ја заслужува наградата. Бара жена со слична висина и сака да има 4 деца. Иако лекарите сеуште не воспоставиле официјална дијагноза, се претпоставува дека неговата висина е последица од неправилната работа на хипофизата.