Луѓето понекогаш навистина можат да направат чудесни работи од предмети кои не ги земаме здраво за готово. Таков е случајот и со ситниот чајник чија големина може да се види на фотографијата.
Една обична метална кугла послужила како инпирација да се направи можеби и најмалиот чајник на светот, кој според се изгледа функционално, иако не е практичен. Неговата големина најлесно се гледа кога ќе се спореди со обично чкорче, што всушност открива за колку вешта и прецизна изработка станува збор.