Сибирскиот автор на минијатури Анатолиј Коненко го изработил најмалиот аквариум на светот. Аквариумот бил висок 30, долг 24 и широк само 14 милиметри. Во него собирало само две кафени лажички вода, што изнесува околу 10 милилитри. Аквариумот го опремил со се она што ги краси и големите аквариуми.
Го наменил за најмалите рипчиња кои можат да уживаат во минијатурните билки. Освен аквариумот Коненко направил и реплика на ајфеловата кула од само 32 милиметри и најмалата книга на светот од девет милиметри.