Со должина од само 7 милиметри, една врста жаба од Папуа и Нова Гвинеја станала најмалиот рбетник на светот. Била наречена Paedophryne amauensis, а пронаоѓачите многу се измачиле да ја пронајдат, бидејќи покрај големината многу лесно се прилагодувала кон околината во која живее.
Крис Остин од Луизијана, кој ја предводел експедицијата, рекол дека Нова Гвинеја е изразито бучна ноќе, и се обидувале да ги издвојат сите можни звуци. Набрзо пронашле звук на жаба која не ја препознавале и така ја пронашле оваа врста. До пронаоѓањето на оваа, за најмала жаба на светот важела Brachycephalus didactylus, или бразилската златна жаба, која е голема околу еден сантиметар.