Ченг Форнг-Шин, тајвански уметник аматер, ја направил најмалата скулптура на тигар на светот. Скулптурата може да се протне низ иглени уши. Му биле потребни три месеци по четири часа дневно за да го направи уметничкото дело.
Минијатурната скулптура ја направил од вештачка смола и е висока само еден милиметар. Ја направил по повод годината на тигарот која по кинескиот календар започнува оваа зима. Рекол дека најтешко му било да го наслика црвениот јазик на тигарот. Уметникот работи во банка, а со изработка на минијатурни скулптури се занимава веќе 30 години.