Компјутерскиот дизајнер Евгениј Григорев ја направил и сложил најмалата рубикова коцка на светот. Коцката има волумен од само еден кубен сантиметар. Евгениј на неа работел месец дена. Деловите кои ги дизајнирал ги сечел со ласер.


Коцката со нормална големина ја сложувал за околу една минута, додека за мин верзијата му било потребно повеќе време. Најтешко му било да ги спои малите делови да не се растргнат додека ја сложи коцката. Сега планира да го надмине сопствениот рекорд и да направи уште помала коцка.