Уметникот Муи-Линг Тех од Онтарио, Канада, ја направила најмалата оригами фигура на светот. Од хартија внимателно направила животинче и цветче високи само три милиметри. Студентката по архитектура со оригами прв пат експериментирала кога имала само девет години. Во почетокот користела украсна хартија за обликување на елегантни играчки.
Денес за една фигура и се потребни само 20 минути. Вели дека на почетокот и бил потребен еден час, а сега научила да ги изработува за само 20 минути. Истакнала дека за вештината за изработување оригами е потребна многу голема трпеливост. Додала дека склопувањето на минијатурните оригами фигури ја смирува од напорните обрски.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com