Една минијатурна крава висока само 84 сантиметри била внесена во гинисовата книга на рекорди како најмала крава на светот. Животното по име Сволоу потекнува од Западен Јоркшир, стара е 11 години и според зборовите на нејзината сопственичка времето го минува пасејќи трева и слушајќи музика на радиото кое е поставено во шталата.


Сволоу е крава од расата декстер, позната по малиот раст, но е ниста дури и по стандардите на својата раса. До сега отелила девет младенчиња со нормална висина и наскоро треба да се отели по десетти пат.