Микрочивавата Лулу, со своите десет сантиметри, најверојатно е најмалото куче на светот. Лулу од своето раѓање пред девет месеци, не пораснала многу. Како мала изгледала исто како своите браќа и сестри, но набрзо сите ја надминале со својот раст. Нејзината сопственичка рекла дека не сака да ја продаде бидејќи и треба малку поголемо внимание.
Кучето е толку ситно што може да застане на човечка дланка. Браќата и сестрите се двојно поголеми од неа. Спие на шише со топла вода кое ја грее. Штом се разбуди трча во круг како да е на батерии. Сеуште не научила да лае.