Слика на украсена елка со текст била изгравирана на парче стакло со површина 200 на 290 микрометри, односно милионити делови од метарот. Научниците од универзитетот во Глазгов кои учествувале во проектот велат дека оваа технологија ќе може да се користи во производството на телевизиски апарати и камери.
Професорот Дејвид Каминг изјавил дека нивната технологија е меѓу најдобрите во светот, но дека понекогаш е тешко да и се објасни на јавноста што се со неа може да се направи. Процесот на изработка на честитката траел само половина час, а за нејзино дизајнирање било потербно многу повеќе време. На честитка со стандарден А5 формат би можеле да се уцртаат повеќе од половина милион микрометарски честитки.