Во Велика Британија почна продажбата на најмалата божиќна четитка на светот. Долга  е 24 милиметри, а широка само 18 милиметри. Во неа може да се напишат само 30 зборови, а ќе мора да се испраќа во уште едно плико, зашто со оглед на нејзината големина, лесно може да се изгуби.


„На Божиќ најважно е да се обрнува внимание на малите работи“ – рекла Леа Редмонд, 28-годишната уметничка од Калифорнија која ја направила најмалата честитка.