Махараџа Експрес е еден од најлуксузните возови на светот, а многу веројатно и еден од најскапите.
Возот од 2010 година своите патници ги води на незаборавно осумдневно патување до најпознатите дестинации во Индија, како Таџ Махал, храмот Кхаџурахо, националниот парк Рантхамбора итн.
Најефтиниот билет за делукс кабината чинел 800 долари, а доколку сакате претседателски апартман ќе морате да издвоите по 2500 долари на ден. Во возот можат да се сместат најмногу 88 патници, а храната и пијалокот се вклучени во цената.
Во 24 вагони можете да најдете се, од апартмани до гаражи за автомобили. Секоја кабина или апартман имаат индивидуална контрола на температурата, ЛЦД телевизор, ДВД, телефонска линија, интернет и елетронски сеф. Во вагоните се вградени и панорамски прозорци, како патниците би уживале во фасцинантните пејсажи.