Тешко е да се поверува дека бројните компоненти на овој брод за година дена ќе претставуваат целина која ќе сочинува 56 илјади тони чисто пловечко богатство и задоволство. На своето прво патување, кое е планирано за 20 јуни 2016 година, “Regent Seven Seas” ќе патува од Монте Карло до Венеција. На бродот ќе има 542 членови на екипажот и 750 среќни патници. Во меѓувреме, додека чекаме да се направи, компанијата во чија сопственост е овој луксузен крузер наговести со неколку фотографии и видеа што патниците можат да очекуваат. Прво, патниците секако ќе се воодушевени од тоалетите кои во секој случај се нетипични за обичните крузери чии конструктори гледаат да го заштедат секој расположлив сантиметар. Овде кадата за капење е во природна големина, тушот е за двајца, а двојни лавабоа и блескаво сјаен мермер ќе ги красат тоалетите на крузерот.
Потоа има спални соби со поглед на морето и тераси. Постелнината во која патниците ќе спијат е направена од компанија која веќе со децении прави постелнина за римокатоличкиот поглавар. Според зборовите на претседателот на крузерот, Џејсон Мантаге, ентериерот ќе го одзема здивот. Тој вети дека ќе биде најлуксузниот број кој некогаш испловил. Покрај големиот број ресторани и барови, на крузерот ќе има базени, теретани, спа центри и уште многу нешта кои престојот ќе го направат незаборавен.