Овој прекрасен “воден парк” кој се наоѓа во Невада е еден од најлуксузните и најпосакуваните имоти во тие предели, а се продава по цена од 3 милиони долари.

Тој се наоѓа во Боулдер Сити, на обалата на едно езеро кое на овој имот му ја дава привлечноста на која никој неможе да и одолее.

Опкружена со природна убавина и неверојатен дизајн на ентериерот оваа куќа има се што човек може да посака. Во неа има шест спални соби, седум купатила, огромен простор за одмор и спа центар и уште многу други елементи кои е тешко да се опишат со збор.