Германските пожарникари од Сајк се прогласени за најлоши пожарникари на светот, откако нивната сопствена станица изгорела до темел.

Биле потребни 250 пожарникари од околните градови за да се стави пожарот под контрола. Сите 6 пожарникарски возила исчезнале во чадот, а штетата е проценета на 3 милиони евра.


Инспекторите веруваат дека причина за пожарот е вежба на пожарникарите или лошата инсталација.

Ова е втор пожар кој ја зафатил станицата која е повторно изградена во 1994 година.