Младиот француски матадор Себастијан Кастеља би можел да ја заслужи титулата за најлош матадор на светот после којзнае која бламажа која го снашла во коридата. Овој пат, Кастеља во арената во Колумбија бил изненаден од бик кој умирал, кој со последните сили го набил на роговите и му ја скршил клучната коска додека суетниот французин и отпоздравувал на публиката славејќи ја победата.


Кога последниот пат го забодил животното, бикот се затетеравил и паднал, па Кастеља почнал да ја слави победата. Одненадеш, бикот собрал сила и одмазнички го забодел матадорот со роговите, а потоа умрел. Помошникот потрчал во помош на матадорот, а тој бил испратен во најблиската болница. Кастеља, иначе, повеќе завршува на врвовите на роговите, отколку пред нив. Младиот матадор за два месеци дури пет пати преживеал удар од разлутените животни.