Една зоолшка градина во Кина стана мета на исмејување во целиот свет откако на интернет се појавија слики на кои може да се забележи дека во кафезот во кој треба да се наоѓа лав има “бушаво” куче.


Не се работи за грешка во написот, затоа што од истата зоолошка градина се појавија нови слики на кои се гледа дека во кафезите во кои требало да има змии имало два стаорци, а во кафезот со леопарди била ставена лисица.


Претставник на зоолошката градина изјавил дека се одлучиле на овој потег поради лошата економска состојба во земјата и се подготвени да им ги вратат парите на сите посетители кои се чувствувале измамени.