Маркетите, дуќанџиите но и големите продажни центри ќе бидат под лупата на пазарните инспектори околу употребата на пластичните кеси. Пазарните инспектори деновиве се раздвижени и проверуваат дали трговците ја почитуваат забраната за користење пластични кеси.

Сликата на терен е јасна. Трговците се уште ги користат пластичните кеси, но за разлика од претходно, по  стапувањето на законот на сила, сега ги наплаќаат истите.

Повеќе од очигледно е дека повеќе од 90 отсто од трговците ги прекршуваат прописите и не даваат хартиени кеси, но од Инспекторатот објаснуваат дека немаат право да казнуваат.

Пазарните инспектори може да поднесат барање за покренување прекршочна постапка пред комисија од Министерството за животна средина.

Вака како што стојат работите, итрите трговци вешто ги користат недореченостите во законот, кој наместо да придонесе за почиста животна средина, ќе им донесе само екстра профит на продавачите. Тие иако навреме беа известени за законските измени велат дека сеуште не се подготвени најлонските кеси да ги заменат со еколошки хартиени кеси. А зошто и да ги воведат кога најлонските одлично им се трошат, ем за тоа никој не ги санкционира.

ohridnews