Во централниот дел на Сибир се наоѓа селото Ојмјакон кое се смета за најладно населено место на светот. Најниската температура е забележана во 1933 година кога биле измерени -67,7 степени. Во ова село живеат околу 500 жители и за многумина е вистинска мистерија како тие преживуваат на вака екстремни услови. За да се стигне до ова место потребно е да се возите два часа од Јакутска. Ни во овој, главен град на Република Јакутија, не е нешто подобро. Во него живеат околу 300 илјади жители, а просечната зимска температура е -34 степени, поради што се смета за најладен главен град на светот.
Жителите на Ојмјакон имаат проблеми како никој на овој свет. Да речеме, поради заледената земја имаат многу малку внатрешни водоводни инсталации, возилата мора да се чуваат во исклучиво загреани гаражи. Во спротивно, моторот толку бо смрзнал што не би имало шанси да се стартува моторот. Главна храна е месото, бидејќи немаат услови да одгледуваат овошје и зеленчук. Ова место е многу интересно и за фотографите, но се среќаваат со огромни проблеми. Имено, од ниската температура објективот на фотоапаратот во секунда станува неподвижен.