Едем млад Саудиец кој се оженил неодамна, најверојатно го држи рекордот за најкраток брак. Имено, тој побарал развод само пет минути откако го изговорил судбоносното „да“, жалејќи се на превисоката цена која морал да ја плати на таткото на невестата. Младоженецот, чие име не било наведено, инсистирал бракот да се поништи само неколку минути откако го ставил својот потпис на листот за венчани.
Според пишувањата на локалните медиуми, момчето било под преголем притисок од таткото на невестата кој барал голема сума пари во замена за раката на својата ќерка. Медиумите пренеле дека пет минути по церемонијата, момчето ги оставило сватовите вчудоневидени барајќи развод. Неговиот татко се обидел да го вразуми, но тој бил упорен во својата одлука да се разведе.