Според годишниот извештај кој е составен со помош на податоци од осигурителните компании во САД, Хонда Акорд е најпосакуваниот модел на автомобил од страна на крадците оваа година. Хонда Акорд е на првото местото за најкраден модел на автомобил во САД четврта година со ред.

Второто место на оваа листа го завзеде моделот Цивик исто произведен од компанијата Хонда.

Во извештајот стојат најразлични мотиви за кражбите, од крадење на автомобил кој подоцна ќе биде искористен за извршување на друго кривично дело до “позајмување” за да се стигне до другата страна на градот бидејќи автобусите биле преполни.