Три момчиња од Канада станале хит на интернет откако снимиле неколку видеа на кои ги подготвуваат и ги јадат најкалоричните оброци на светот. Харли Моренштајн, Алекс Пероут и Стерлинг Тот заедно припремаат сендвичи во кои ги ставаат најмрсните состојки кои можат да се замислат.


Последниот сендвич кој го направиле имал повеќе од 5000 калории. Направиле и пица од 5200 калории како пита од месо која имала 5800 калории. Спектакуларната месна пита ја збогатиле со говедско месо, виршли, сланина и сирење. Откако ја испекле имала 747 грама масти. Најмногу луѓе го погледнале видеото на кое го припремале најкалоричниот сендвич. Се состоел од девет парчиња сланина, три виршли, компири, сирење, сос и 12 јајца.