По златните чевли кои ги носел Роналдо, а кои наишле на општо воодушевување, Најк дизајнирал златни чизми за сноуборд. Во прашање се чизмите „Американски орел ZF 1“. Овие оригинални чизми биле иснпирирани од јапонските уметнички форми, а биле обложени со големо количество жолто злато.
Биле дизајнирани од Осама Којама, кој за овој проект влегол во партнерство со престижната спортска компанија Најк. Којама за изработка на чизмите за сноуборд користел изрезбани златни плочки.