Во понудата на Британската обложувалница “Paddy Power” се нашла мошне интересна понуда. Имено сите можат да се обложат на тоа кој од играчите на Ливерпул ќе биде на мета на крадците до крајот на годината. По протестот на навивачите полицијата интервенирала, а обложувалницата ја повлекла понудата.
Додека траело обложувањето најмногу се обложувале на капитенот на Ливерпул, Стивен Жерард. Ако некој од играчите бил ограбен, за една вложена фунта во просек се добивале по 12. Полицијата морала да ја прекине оваа игра бидејќи постоела голема можност некои крадци да уплатат голема сума во обложувалницата, да одат да го ограбат играчот на кој се обложиле, па уште и да добијат пари од обложувањето.