На најинтелигентните луѓе на светот, кои ги собира организацијата Менса, им се придружило и едно симпатично тригодишно момче. Британецот Шервин Шараби го минал тестот за интелигенција освојувајќи 136 поени, а посебно талентираните лица треба да освојат најмалку 130. Момчето, како што раскажала неговата мајка, почнало да зборува на девет месеци, а со 20 месеци веќе било во состојба да формира сложени реченици.
Шервин знаел да пресметува до 200, знаел да ја покаже било која држава на картата и нејзиното знаме, да ги наброи планетите ви Сончевиот систем… Неговата мајка тврдела дека воопшто не го интересира телевизиската програма за деца, и дека најчесто гледал вести. Таа рекла дека тој и нејзиниот сопруг имаат солидно образование, но не можеле да одговорат на сите прашања на момчето. Никогаш не го форсирале да учи, туку самиот постојано нешто прашувал. Му објаснувале најдобро што можат, но се почето морале да вршат проверка и да ги побараат точните одговори.