Многумина сметат дека паметот и интелигенцијата се синоними. Меѓутоа, интелигенцијата е способност за брзо и ефикасно снаоѓање во нови и непознати ситуации, а може да биде измерена со посебни тестови.
SuperScholar.org ја состави листата на најинтелигентните луѓе на денешницата, а во неа се најдоа:
Terrence Tao (37)- IQ 230, тврди дека за неговата висока интелигенција се заслужни јунаците од серијалот “Sesame Street” кои ги гледал како дете. Веќе на две години ги разбирал основните математички операции, а дипломата по математика ја добил на 20 години во Принстон.
Christopher Hirata (30)- IQ 225, на само 14 години се запишал на “Caltech”, а на 16 започнал да работи за НАСА. На 23 години добил диплома по астрофизика и ја продолжил својата работа во тоа поле.
Kim Ung- Yong (50)- IQ 210, кореанецот бил чудо од дете и уште млади години комплетно можел да научи странски јазик за помалку од еден месец. Веќе на 5 години решавал комплицирани интеграли, а како тинејџер се вработил во НАСА. Подоцна одлучил да се врати во Кореа каде докторирал на архитектура.
Richard Rosner (52)- IQ 192, израснал во Колорадо каде завршил факултет. Иако остварил многу високо IQ на тестот за интелегенција тој работел како стриптизер, шанкер и модел за актовки. Сега работи како телевизиски режисер.
Gari Kasparov (49)- IQ 190, е најдобриот играч на шах во светот. Исто така се има кандидирано за председател, но по долго размислување ја повлекол кандидатурата. Во 2005 се повлекол од шахот и и се посветил на политикате и пишувањето.
James Woods (65)- IQ 180, освоил максимални бодови на државната матура и запишал математика на познатиот “UCLA”. Откако покажал извонредни резултати добил целосна стипендија на MIT но одлучил да ја започне својата актерска кариера. Тој е награден со Еми и има две номинации за Оскар.
Paul Allen (59)- IQ 170, е коосновач на Микрософт и е еден од најдобрите примери како да го претворите своето знаење во богатство. Со заработка од 14,2 милијарди долари се наоѓа на 48мо место на листата на најбогати луѓе во светот.
Sir Andrew Wiles (59)- IQ 170, е британски математичар која ја докажал Ферматовата теорема која се сметала за најтешката математичка загатка. Тој е добитник на 15 наградни и признанија во полето на математика.
Judit Polgar (36)- IQ 170, е унгарска шаховска велемајсторка. Во 1993 година го победила поранешниот светски првак во шах Атоли Карпов, а Гери Каспаров го победила во 2002 година.
Stephen W. Hawking (70)- IQ 160, е автор на седум бестселери. Познат е по неговата експертиза и допринос во космологијата, квантна гравитација посебно во контекст на Црните дупки.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com