Јода, мелесот на чивава и кинеско кукмасто куче, е прогласено за најгрдо куче на светот на традиционалниот избор во Калифорнискиот град Петалума, јавиле американските медиуми. Јода е старо 14 месеци и било пронајдено напуштено во една улица позади стамбени згради.


Неговата сопственичка Тери Шумахер кога прв пат го здогледала помислила дека е голем стаорец. Победници на натпреварувањето кое се одржува веќе 23 години најчесто се чивави, кинески кукмасти кучиња или мелеси од тие две врсти кучиња. Наградата за победникот изнесува 1000 долари.