Најгрдо куче на светот е четиригодишниот мелес Вали од Чикаго. Така било одлучено на натпреварот за најгрдо куче за 2013 година одржано во САД. Како што рекол еден од судиите, Вали изгледал како да е направен во „Фотошоп“. Тој бил мелес на бигл, басет и боксер. Има голема глава и видлива грпка на грбот. Победил во конкуренција на уште 29 кучиња.

НЕговата сопственичка Тами Барби рекла дека луѓето понекогаш и приоѓаат и и велат дека кучето изгледа чудно, но таа и покрај се многу го сакала. Оваа победа на сопственичката и донела 1500 долари, за кои рекла дека ќе ги потроши на кучето. Освен тоа, тие заедно ќе настапат во неколку телевизиски емисии.