Училиштето Сити Монтесори во индискиот град Лакнау е прогласено за најголемо училиште на светот и официјално било запишано во гинисовата книга на рекорди. Училиштето има дури 45 илјади ученици и 2500 наставници.
Го посетуваат дева од три до 17 години, а иако одделенијата, кои во просек имаат по 45 ученици, се чинат пренатрпани, тоа ниту малку не ги загрижува родителите бидејќи училиштето е познато по одличниот успех на своите ученици како на домашните така и на меѓународните натпреварувања. Директорот на училиштето Џагдис Ганди рекол дека секоја година нивните ученици остваруваат изнвонредни академски резултати, истакнувајќи дека меѓу другото предност на училиштето е тоа што учениците можат да стекнат голем број пријатели.