Со децении недовршениот солитер на 45 ката „Давидовата кула“ во Каракас, кој требало да биде симбол на финансиската моќ во Венецуела, е најголемо засолниште за бездомници на светот, каде скитниците се собираат од почетокот на деведесеттите години. Кулата требало да биде симбол на светлата иднина на Каракас, со писта за хеликоптери на кровот. Меѓутоа, градбата била сопрена поради банкарската криза и смртта на имењакот на кулата, Давид Блирембург.
Денес земјата се бори со огромен недостаток на домови, а кулата е споменик на она што можело да биде од криминално загадената престолнина. За кулата велат дека е легло на криминалот и дрогата, но за поголемиот дел од станарите е нивни дом. Само на мал број сниматели им е дозволено на ѕирнат во кулата, а снимките на нејзината внатрешност и секојдневниот живот на нејзините станари се многу ретки, пренеле медиумите.