Рој Блекмур (76) сака да се пласира во гинисовата книга на рекорди со најголемото фамилијарно стебло на светот. Пронашол 9390 предци од пред 500 години, вклучувајќи и каубоец од дивиот запад, француски крал и војник од француската револуција. Се поврзал низ 37 генерации со Вилијам Освојувачот од 11 век и низ 45 генерации со Алфред Велики од деветтиот век.


Го започнал своето истражување бидејќи како дете останал сирак и сакал да научи се за својата фамилија.

– Патувањата беа интересни со големи успони и падови. Не планирав да одам току далеку. Но, што повеќе одев, стануваше се поинтересно – рекол Рој.

Поминувал пет часа дневно пребарувајќи документи по архиви, книжарници, гробишта и пописи на населението.

Експери велат дека неговото истражување е единствено бидејќи немал помош од интернет и морал да прати пишувани траги.