Британската компанија Торнтонс изработила голема чоколадна плоча која содржи 72 406 стандардни чоколади од 80 грама и која има импресивни 29 милиони калории. Ова чоколадо го направиле за да ја прослават стогодишнината од работењето на компанијата.
На оваа идеја најпрво дошол управителот на едно од складиштата, а службениците од Гинисовата книга на рекорди потврдиле дека се работи за најголемото чоколадо на светот.
На денот на изработката преку 50 луѓе го налевале чоколадото во калап. Тоа траело десеттина часа, а потоа уште три дена се ладело.
Чоколадото кое тежи околу шест тона и е големо четири метри квадратни ќе го поделат на вработените, купувачи во продавницата и дел од него ќе продаваат за хуманитарна цел.