Најголемите тапани на светот „The Big Boom“ на први мај ќе бидат поставени во виенскиот забавен парк Пратер. На џиновскиот сет тапани, висок 6,5 и широк 8 метри, мораат да свират четири лица. Четири тапанари мораат да делуваат истовремено и синхронизирано, за што е потребна оптимална складност помеѓу тапанарите, висока концентрација и координација.
Сето тоа, на висина од шест метри, бара телесна и умствена спремност. Музичарите во забавниот парк ќе настапуваат на секој еден час по десет минути, а за целосно доживување, за време на последниот настап во 22 часот, музиката ќе биде проследена со огромен огномет.