На тридневниот собир, што го организираат Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии и МАСИТ, ќе стане збор за најновите информатички достигнувања и развојот на ИТ- технологијата.
МАСИТ по седми пат ја организира оваа конференција, која претставува собир на сите асоцијации за информатичка и комуникациска технологија од регионот на Југоисточна Европа, на кој се разгледуваат постигнувањата, стратегиските правци на развојот и активностите во оваа исклучително развојна и инвестициски поттикнувачка дејност.
Свое излагање на конференцијата се очекува да има вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.