Најголемиот златник на светот, австралискиот „црвен кенгур“ следните два дена ќе биде изложен во Минхен, во седиштето на германската фирма која се занимава со трговија со злато и други племенити метали “Pro Aurum”. Работниците со помош на дигалка го подигнале златникот тежок еден тон, со пречник од 80 сантиметри, и го поставиле на постолјето.
Златникот е искован во Ковачницата во Перт, Австралија, и на него е ликот на кралицата Елизабета од едната страна, а од другата страна има лик не кенгур. Изработен е од 24-каратно злато и вреди околу 30 милиони евра. Златникот ќе може да се види само во понеделник и вторник.