Под мотото „Квалитетно образование за сите: Крај на неписменоста“ и „Политичари вратете се во училишните клупи: Време е за учење“, Охрид денеска ќе се придружи на глобалната образовна кампања што шеста година во Македонија ја спроведува детската амбасада „Меѓаши.

Во школските клупи во охридските училишта денеска ќе седнат градоначалникот Александар Петрески, претседателот на Советот, Владо Чингоски, како и членовите на градскиот Совет.  Целта на  кампањата е да се придонесе за подобрување на образованието, а  „враќањето на политичарите во училишните клупи“ треба да овозможи нивно запознавање со битните прашања сврзани со образовниот процес.

Еднодневната кампања насловена како  „Најголемиот училишен час“ ќе се одржи во  200 земји ширум светот.

ohridnews