Во Малезија е пронајден моментално најголемиот цвет на светот. Станува збор за билката Рафлесија, чии цветови се огромни. Билката е паразит која расте во прашумите на Југоисточна Азија и се храни со инсекти. Во прашумата Улу Геро, Малезија, бил пронајден џиновски примерок од цветот на оваа билка.
Го добила името по британскиот колонијалист Стемфорд Рафлс, кој ја пронашол на Борнео во 1818 година. Поради уништувањето на шумите и користењето на оваа билка во традиционалната медицина и се заканува истребување. Билката нема стебло, лисја и вистински корени и мириса на труло месо и така ги привлекува инсектите со кои се храни.