Повеќе од 2.000 деца од Клуј во Трансилванија учествувале во цртањето на патот и правењето на најголемиот цртеж на пат на светот. Децата нацртале воз долг 6,5 километри, за што им биле потребни 10.000 кутии креда.
Младите романци го соборија сопствениот рекорд во овој вид на уметност, поставен минатата година, што било потврдено од страна на академијата за светски рекорди.
Се започнало како училишна игра, која прераснала во нешто повеќе кога се поголем број ученици и наставници се вклучиле во неа.
„Немавме намера да го собориме рекордот. Само цртавме се додека не останавме без пат. Фала му на Господ што не заврна дожд“ – рекол еден од цртачите.