Ресторан во сиријската престолница Дамаск, кој може да услужи до 6012 луѓе и не служи алкохол, стана најголем на светот откако официјално е ставен во Гинисовата книга на рекорди.


Ресторанот се гордее со својата големина и традиционална кулинарска разноликост која нуди и шест одвоени ресторани: индиски, кинески, арапски, ирански, блискоисточен и сиријски. Досега како најголем ресторан на светот се водеше “Mang Gorn Lunag” во Банкгог, кој може да прими 5000 луѓе.