Овој Дедо Мраз е направен на фестивалот на песочни фигури во Данска и има 5,5 метри. Околу него направени се скулптури на подароци, божиќни елки и санки. Песокот е исклучително кревок материјал за работа, па затоа скулпторите користат посебна врста песок за своите скулптури. Тој мора да содржи зрна кои одговараат и точно одредена содржина глина која потоа прво се притиска и обликува во големи коцкести блокови.

 

Еден по еден блоковите се сложуваат еден на друг, како коцки. Додека истите се притискаат, врз песокот се става вода како песокот и глината би се сврзале подобро. Кога блоковите ќе ја достигнат саканата висина, скулпторите почнуваат да ги обликуваат своите скулптури со посебно внимание пропорциите да одговараат. За изработка на овие скулптури биле потребни околу 15 дена и 270 тони песок. Лукас Бругеман, Реми Хогард, Пол Хогард и Етуал Охеда го направиле овој интересен песочен Дедо Мраз.