Еден од Гинисовите рекорди кој е секогаш интересен за пошироката јавност и кој привлекува големо внимание е оној на турчинот Мехмет Озурек, кој успешно ја брани титулата веќе подолго време.
Имено тој е сопственик на најголемиот нос на светот. Долг е неверојатни 8,8 сантиметри. Титулата се обидел да му ја преземе пакистанецот Фаизан Ага, кој наводно има нос долг 12,19 сантиметри, чија должина сеуште не е официјално призната.