Кога многумина љубопитници дошле да го испратат најголемиот крузер на светот на неговото прво патување, покрај него делувале како мрави.
Крузерот е долг 315 метри. За испловување во Северно море му помагале два реморкери, а сега се наоѓа на пат за Данска.
Крузерот „Celebrity Solstice“ е еден од петте крузери кои компанијата „Solstice“ планира да ги произведе до 2012 година, а секој може да прими повеќе од 3.000 патници.
Најинтересно кај овој крузер е тоа што за прв пат на неговата палуба расте природна трева.