Крузерот “Harmony of the Seas”, кој го направи компанијата “Royal Caribbean International” е неверојатно пловило. Тежок 227 ијади тона, со 18 палуби и за 38 метри подолг од Ајфеловата кула, овој брод по прв пат заплови минатата седмица, но патници премиерно ќе прими дури во мај. Изградбата на најновиот крузер на Ројал Карибиен семејството чинеше 800 милиони фунти, и е толку голем што гостите ќе добиваат GPS направи кои ќе им помагаат да ја пронајдат својата соба во лавиринтот.
Првите 6000 гости ќе ги прими во Саутемптон во мај, а ВИП патниците ќе добијат и свои батлери во склоп на услугата. Што се однесува до забавата, овој брод нуди голем избор. Постојат четири водени тобогани на бродот, вклучувајќи го и највисокиот тобоган на море, “Ultimate Abyss”, кој е висок 30 метри. На бродот има и „бионички бар“, каде роботи ве послужуваат и ви мешаат коктели, како и театар во кој се прикажуваат претстави. Има и 16 ресторани и кафе барови, како и шопинг улица, а насекаде е достапна брза безжична интернет конекција.